MK | EN

Успешно реализиран проектот „АКВАРЕЛ“

Jun 23, 2026
Успешно реализиран проектот „АКВАРЕЛ“

На 19.06.2026 година (петок), Здружението за промоција на интелектуални, мултикултурни и спортски вредности - МОТУС, успешно го реализираше својот најнов проект под наслов „АКВАРЕЛ“, кој беше посветен на отворањето на самостојна изложба на акварели на фотографот и ликовен уметник Рајко Р. Каришиќ од Република Србија.
Изложбата беше отворена во просториите на Детски ликовен центар – Здружение на ликовните педагози на град Скопје во Скопје, со почеток од 19 и 30 часот. 
Пред бројната публика беа претставени вкупно 81 дело изработени во техниката акварел, распоредени во два циклуса: пејзажи и апстракции под наслов „Чудесни суштества“, кои авторот ги создал во текот на последните неколку години.
Посетителите имаа можност да се запознаат со богатото творештво на авторот, чија уметност се одликува со препознатлив ликовен израз, колористичка префинетост и силна креативна имагинација. Изложените дела предизвикаа голем интерес кај присутните и отворија можност за непосредна комуникација и размена на мислења за современите текови во ликовната уметност.
На отворањето присуствуваа голем број посетители, меѓу кои ликовни уметници, историчари на уметност, фотографи, културни работници, претставници на институции, како и бројни љубители на ликовната уметност. Нивното присуство уште еднаш ја потврди важноста на ваквите културни настани за афирмација на уметничкото творештво и за збогатување на културниот живот.
Изложбата ќе биде отворена за јавноста и во наредните денови, овозможувајќи им на сите заинтересирани посетители да уживаат во богатата колекција акварели и да се запознаат со творештвото на Рајко Р. Каришиќ.
Со реализацијата на проектот „АКВАРЕЛ“, Здружението за промоција на интелектуални, мултикултурни и спортски вредности - МОТУС продолжува со своите активности насочени кон поддршка и промоција на културата, уметноста и меѓународната културна соработка.


Во прилог на  видео запис од отворањето на изложбата.

https://www.youtube.com/shorts/QuOibpie8KM

Gallery