Прва изложба на уметничка фотографија FOTO POINT
May 29, 2026
Здружението за промоција на интелектуални, мултикултурни и спортски вредности МОТУС и Фото клубот МОТУС имаат особена чест и задоволство да Ве поканат на свеченото отворање на новата меѓународна изложба на уметничка фотографија „FOTO POINT“.
Отворањето на изложбата ќе се одржи на 03.06.2026 година (среда) со почеток во 12:00 часот, во изложбениот простор на Домот на култура „Тошо Арсов“ во Виница.
Изложбата претставува уникатна можност за љубителите на уметничката фотографија да погледнат дела од автори од повеќе земји и да уживаат во креативноста, различните перспективи и визуелната уметност.
Повелете и бидете дел од овој меѓународен фотографски настан!